Фрижидери
САКАМЕ ВИСТИНСКА ТЕХНОЛОГИЈА И НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Ладилниците и замрзнувачите Eurolux припаѓаат на енергетската класа А и одговараат на најновите светски стандарди за енергетска ефикасност при што се гарантира ниска потрошувачка на ел. енергија и значително скратување на времето.
ДИГИТАЛЕН ТЕРМОСТАТ ФУНКЦИЈА БРЗО ЗАМРЗНУВАЊЕ - Quick freeze
Електронско управувачкиот термостат гарантира исклучително добро регулирана внатрешна температура при што Вашите производи секогаш ќе бидат свежи. Вашите производи ќе бидат одржувани со минимална потрошувачка на енергија.
Функцијата брзо замрзнување QUICK FREEZ се користи за замрзнување на големо количество на храна за кратко време со минимална потрошувачка на електрична енергија.
Светлината температурна индикација Ви сигнализира за зголемување на темп.
АНТИБАКТЕРИОЛОШКА ЗАШТИТА
Бактериите претставуваат дел од секоја храна, затоа хигиената во кујната е од голема важност.
Во нашите ладилници се користи магнетна антибактериолошка заштитна обвивка, која не дозволува создавање на влага и формира еден заштитен слој.
ЗДРАВИ СТАКЛЕНИ ПОЛИЦИ
Подвижните стаклени полици се изработени од специјално прозирно стакло Safety Glass кое издржува тежина над 20 кгр. без да се оштети.
АВТОМАТСКО РАЗМРЗНУВАЊЕ
Ладилникот Eurolux припаѓа во групата на саморазмрзнувачки уреди. Водата настаната при тој процес се акомулира во специјален сад кој се наоѓа над компресорот и од таму истата испарува. При процесот на само размрзнување не се препорачува интервенција од страна на корисникот.
ОПТИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНОСТА
Новиот дизајн и внатрешното уредување на просторот на ладилниците Eurolux Ви овозможуваат максимално користење на внатрешноста и конфорт при употребата.
Богатото внатрешно уредување максимално ги задоволува Вашите барања.
Подвижните стаклени полици кои лесно се извлекуваат Ви овозможуваат лесна достапност до саканите продукти. Зголемениот број на регулирачки полици сместени на вратата Ви овозможуваат сместување на производите со најразлични големини.
РЕГУЛИРАЧКИ СТАКЛЕНИ ПОЛИЦИ
Нивото на стаклените полици се регулира за максимално задоволување на потребите.
ПОДВИЖНА КУТИЈА СО КАПАК

Подвишна кутија за чување на свежи сирења, кашкавал или путер. Специјалниот дизајн дозволува да ја оставите на полица на вратат или во ладилникот.
КУТИЈА ЗА СВЕЖИ ПРОДУКТИ

Погодна за чување на свежи сецкани или полуготови производи.Капакот не дозволува мешање на миризбите и храната останува свежа.
КОНФОРНО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Внатрешното осветлување дозволува рамномерно и конфорно осветлување на целото пространство на ладилникот. Осветлувачкото тело е монтирано на достапно место со цел за лесна замена на изгорената сијалица.
МАЗНА ВНАТРЕШНА ПОВРШИНА - Сите модели на ладилници Eurolux се со специјална внатрешна површина која гарантира лесно чистење и одржување на хигиената во внатрешноста.
ПОЛИЦА ЗА МЛЕЧНИ ПРОДУКТИ

Полицата за млечни продукти е со подвижен капак и енегргономичен дизајн. Дозволува чување на отворени храни, млечни продукти јајца и др.
ПОДВИЖНА ПОЛИЦА ЗА ЈАЈЦА - Полицата ги држи јајцата и ги чува од изместување и нивни кршење.Формата дозволува поставување и во останатиот дел од ладилникот.
ЗАШТИТА ОД ПРЕЛИВАЊЕ

Стаклените полици во нашите ладилници се со заштитна ивица која што не дозволува излеаната течност да се разлие на долното ниво.
РЕВЕРСНА ВРАТА - Сите модели ладилници и замрзнувачи Eurolux се со регулирачка врата, која што може да се отвара во двете насоки.
ИНДИКАТОР ЗА ЗАБОРАВЕНА ВРАТА
Ако случајно не ја затворите добро вратата, индикаторот за заборавена врата ќе Ви сигнализира своевремено.
ОДДЕЛ ЗА ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ
Зеленчуците во ладилникот имаат потреба од определена температура и влажност. Тие услови се дозволуваат во двата големи садови за зеленчук и овошје кои што ги задржуваат свежи долг период.
ИЗВЛЕКУВАЧКИ ФИОКИ НА ЗАМРЗНУВАЧОТ

Специјалните замрзнувачки оддели дозволуваат лесен пристап до замрзнатите производи. Формата го оптимизира процесот на замрзнување , штеди енергија и време.Тоа значи и при максимално отварање на вратата нема опасност замрзнатата храна да се одмрзне. Сите замрзнувачи и замрзнувачки оддели во нашите ладилници се со четири ѕвезди за замрзнување(под -18°С) кое што допринесува да се зачуваат замрзнатите производи.
- Самостоечки фрижидери ( 6 Артикли )
- Фрижидери за вградување ( 8 Артикли )
- Замрзнувачи за вградување ( 1 Артикл )