Вградлив тостер

Вградлив тостер

ЕТ 10 од Ritter – прв од ваков вид

Инспирирани од последните иновативни технологии, експертите од германската компанија Ritter го претставија првиот високотехнолошки вградлив тостер во фиока на извлекување. Во тек со современите тенденции за “ сокриени “ и функционални апарати во модерната кујна, иновативниот тостер се инсталира лесно и брзо во стандардна фиока со широчина од 30 см, завзема минимален простор, а гарантира уживање од неговото користење.

ЕТ 10 има подвижен механизам и нуди разноврсни функции како степен на печење со LED индикација, размрзнување и подгревање, автоматско центрирање на тостираната храна и стоп копче. Безбедноста е загарантирана од топлинската изолација на телото од нерѓосувачки челик и функцијата за автоматско заклучување. Тостерот дава дополнителен комфорт по време на неговата употреба. Има вградената решетка за печење на франзели и лепчиња со округла форма. При чистење апаратот лесно може да се извади од фиоката без употреба на било какви додатни инструменти.