Садопери и чешми

МИЈАЛНИЦИТЕ EUROLUX - РАЗЛИЧНИ ОД СИТЕ ОСТАНАТИ

Мијалниците Eurolux се произведени од водечките ителијански производители Elleci и Apell. Филозофијата, која тие ја пропагираат е, да му понудат на клиентот високотехнолошки производ, со ненадминлив квалитет, со исклучителен италијански дизајн.

 

 

КОМПОЗИТНИ МИЈАЛНИЦИ

GRANITEK материјалот, од кој се произведуваат композитните мијалници Eurolux, е плод на долг процес на проучувања од страна на италијанската компанија Elleci. Висококвалитетниот материјал претставува смеса од акрилна смола и висок процент на гранитни честици, хомогено распоредени во смесата. Специјализираниот процес на производство обезбедува равномерен распоред на гранитната маса во сите слоеви од структурата на мијалникот, а на тој начин повеќе пати се зголемува постојаноста на материјалот при удари, гребење и термички шокови.

Таа нова и уникатна технологија на производство е исклучителен патент на Elleci и зазема значаен дел од пазарот со светска препознатливост, со што мијалниците од италијанската компанија добиваат добра репутација. 

 

Врз основа на GRANITEK технологијата со дополнителни додатоци на метализирани бои и алуминиумски микрочестици, стручњаците на Elleci разработуваат и нов висококвалитетен материјал – METALTEK. Мијалниците од серијата METALTEK оставаат впечаток со нови бои и состојки, кои совршено се вклопуваат со елегантното присуство на иноксовите електрични уреди за домаќинството во модерната кујна.

Во склад со последните тенденции од областа на кујнска опрема, композитните мијалници Eurolux ставаат акцент на дизајнот. Инспирирана од природното движење на водата во природата, новата линија EGO предизвикува интерес со стилската визија и форма, провоцирајќи ги почитувачите на уникатниот кујнски ентериер. Со грациозноста на нежната водена струја, моделите EGO внесуваат природна убавина, чистота и елеганција во срцето на домот. педизвик претставува и серијата QUADRA, која нуди нова концепција за вградување на мијаникот во кујнската површина. Во зависност од саканиот резултат, функционалните модели може да бидат монтирани како под, така и врз плотната, а може да биде и на исто ниво со плотната.

Постои можност за бојадисување на композитните материјали со различни бои, слични на природен камен или метал, што ги хармонизира гранитни мијалници Eurolux како со модерна кујнска опрема, така и со ретро ентериер.



ИНОКСОВИ МИЈАЛНИЦИ

Во целосна хармонија со променливиот стил на живот иноксовите мијалници Eurolux му нудат на македонскиот пазар гама од елегантни дизајнерски и функционални модели. Со своето големо и длабоко корито, иновативните модели, произведени од италијанската компанија Apell S.p.a., нудат нова концепција во миењето, гарантирајќи удобност и сигурност во експлоатацијата. Создадени, за да го олеснат готвењето и чистењето, тие се незаменлив сојузник на современата домаќинка во најдинамичната зона на домот.

Постојат многу причини, италијанскиот лидер Apell да го избере нерѓосувачкиот челик како лајт мотив за сите свои производи:

• Прецизен однос хром-никел (18/10) - никелот ја зголемува цврстината на челикот и ја подобрува постојаноста на удари, а високата содржина на хром е претпоставка за големата тврдост и исклучителен сјај.
• Екологичност – карактеристика од првостепено значење за секоја компанија, ориентирана кон заштитата на околната средина. Приближно 70% од челикот во секој иноксов мијалник Eurolux подлежи на рециклирање.
• Хигиеничност – компактната метална површина на мијалниците Eurolux го спречуваат развојот на бактериите и микроорганизмите.
• Лесно одржување – иноксовите мијалници Eurolux ја задржуваат својата сјајна површина долги години со минимален напор.
• Постојаност на удари и гребење – солидната дебелина на челикот е гаранција за неговата постојаност на деформации, температурни промени и удари.
• Регенерирачко својство на челикот – благодарение на т.н. „пасивен филм” иноксовите мијалници Eurolux се заштитени од корозија. Пасивниот филм по површината на иноксот се карактеризира со саморегенерирачки механизам кој придонесува за скоро вечен живот и сјај.
• Модели со класичен, елегантен и модерен дизајн - луксузните мијалници Eurolux ги следат последните тенденции во опремувањето на современата кујна. Декоративните капаци на моделите IRIS, KALEIDOS и SINPHONIA совршено ја истакнуваат нивната прецизна и стилска визија. Само со едно движење тие ги сокриваат користените садови, оставајќи го чувството на чистота и ред во кујната. Таа нова концепција хармонично ги усогласува мијалниците Eurolux со сјајот на иноксовите електрични уреди за домаќинството во современата кујна
.

Перфектната визија и беспрекорната површина на иноксовите мијалници Eurolux зависи од придржувањето кон основните препораки за употреба и чување на иноксовите мијалници, кои ќе ги најдете во упатставото на вашиот мијалник.